بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
90:1لَآ أُقۡسِمُ بِهَٰذَا ٱلۡبَلَدِ
Се колнам во овој град
90:2وَأَنتَ حِلُّۢ بِهَٰذَا ٱلۡبَلَدِ
а тебе сè ќе ти биде допуштено во овој град
90:3وَوَالِدٍ وَمَا وَلَدَ
Се колнам и во родителот и во тоа што го роди
90:4لَقَدۡ خَلَقۡنَا ٱلۡإِنسَٰنَ فِي كَبَدٍ
Ние го создаваме човекот за да се труди
90:5أَيَحۡسَبُ أَن لَّن يَقۡدِرَ عَلَيۡهِ أَحَدٌ
Зарем тој мисли дека никој ништо не му може
90:6يَقُولُ أَهۡلَكۡتُ مَالًا لُّبَدًا
„Големо богатство потрошив!“ – ќе каже
90:7أَيَحۡسَبُ أَن لَّمۡ يَرَهُۥٓ أَحَدٌ
Зарем мисли дека никој не го видел
90:8أَلَمۡ نَجۡعَل لَّهُۥ عَيۡنَيۡنِ
Зарем не му дадовме очи две
90:9وَلِسَانًا وَشَفَتَيۡنِ
и јазик и усни две
90:10وَهَدَيۡنَٰهُ ٱلنَّجۡدَيۡنِ
и доброто и злото му ги објаснивме
90:11فَلَا ٱقۡتَحَمَ ٱلۡعَقَبَةَ
Па зошто не е благодарен на благодатите
90:12وَمَآ أَدۡرَىٰكَ مَا ٱلۡعَقَبَةُ
А што мислиш ти, како може на благодатите благодарен да се биде
90:13فَكُّ رَقَبَةٍ
Роб од ропство да се ослободи
90:14أَوۡ إِطۡعَٰمٌ فِي يَوۡمٍ ذِي مَسۡغَبَةٍ
или, гладта кога владее, да се нахрани
90:15يَتِيمًا ذَا مَقۡرَبَةٍ
сираче од родот близок
90:16أَوۡ مِسۡكِينًا ذَا مَتۡرَبَةٍ
или сиромав, со неволји оптоварен
90:17ثُمَّ كَانَ مِنَ ٱلَّذِينَ ءَامَنُواْ وَتَوَاصَوۡاْ بِٱلصَّبۡرِ وَتَوَاصَوۡاْ بِٱلۡمَرۡحَمَةِ
а со тоа и да е од оние коишто веруваат, коишто едни со други трпеливост си препорачуваат и коишто едни со други милост си препорачуваат
90:18أُوْلَٰٓئِكَ أَصۡحَٰبُ ٱلۡمَيۡمَنَةِ
Тие ќе бидат среќни
90:19وَٱلَّذِينَ كَفَرُواْ بِـَٔايَٰتِنَا هُمۡ أَصۡحَٰبُ ٱلۡمَشۡـَٔمَةِ
А тие што не веруваат во доказите Наши, тие ќе бидат несреќни
90:20عَلَيۡهِمۡ نَارٌ مُّؤۡصَدَةُۢ
над нив ќе биде огнот затворен
Translation: Macedonian Scholars.